Згасна еден од најголемите сервиси за пиратски содржини

Алијансата против пиратеријата ACE, по долготрајна борба, успеа да го затвори сајтот Extreme Download, кој постоеше околу 15 години и бележеше околу 15 милиони посетители месечно.

Најголемата светска асоцијација за борба против пиратеријата, Alliance for Creativity and Entertainment (ACE), објави дека успеала да го згасне еден од најголемите светски сервиси за преземање нелегално добиени содржини, Extreme Download (Extreme-Down.com).

Овој сервис беше втората најпопуларна веб-страница за пиратски содржини во Франција, од каде што беше иницирана акцијата за негово исклучување.

Extreme Download постоеше околу петнаесет години и долго време успеваше да се спаси од затворање. Често го менуваше доменот, ги избегнуваше блокадите на француските ISP и на крајот „падна“ кога беше откриен главниот оператор на страницата. Тој беше идентификуван како Тунижанец, кој управувал со страницата од Хоумт Соук на тамошниот остров Џерба. Откако бил откриен, сопственикот на страницата ги предал сите свои домени на здружението ACE.

Extreme-Down нудеше повеќе од 40 илјади наслови на филмови и серии, во нивната оригинална форма и локализирани на француски јазик. Сервисот бележеше меѓу 14 и 15 милиони посетители месечно. Освен од Франција, најголем сообраќај генерирале корисниците од Белгија, Канада и Швајцарија - односно оние од француското говорно подрачје.

Во раните години на работа, Extreme-Down само беше агрегатор на линкови и го пренасочуваше сообраќајот кон тогаш многу популарната страница Megaupload. Со текот на времето, тој стана огромно складиште на пиратски содржини и со години се бореше против обидите да биде затворен. Успешната акција во здружението ACE беше прогласена за голема победа за заштита на авторските права во франкофонските земји.

реклама

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Read more

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Read more

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Read more

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Read more

Интернет

Се гаси уште еден пиратски сајт за симнување

Read more

Среќен роденден Twitter: Што пишува во првиот твит објавен пред точно 17 години?

Read more

Како најдобро да се заштитите кога купувате онлајн?

Read more

Како да ги решите проблемите со Wi-Fi конекцијата?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Relativity Space лансираше 3D печатена ракета, но не стигна во орбитата

Читај повеќе

Што да направите ако го изгубите или ви го украдат телефонот?

Читај повеќе

Колку би можело да чини iPhone 15?

Читај повеќе

Instagram смета дека нема доволно реклами, ќе ги праќа во нотификации

Читај повеќе
  • play_arrow

Неочекувано светлосно шоу на небото над Калифорнија

Читај повеќе

Повеќе од 1.000 артефакти во музејот Метрополитен поврзани со шверцери и крадци

Читај повеќе

Со години беше мит и легенда: Мачколисицата потврдена за посебен вид

Читај повеќе

Се гаси уште еден пиратски сајт за симнување

Читај повеќе

Дали животот на Земјата има вонземско потекло?

Читај повеќе