Згасна познатиот YouTube канал Machinima

Популарниот YouTube канал Machinima беше еден вид центар во кој беа собрани креативци од целиот свет, кои со нивната имагинација создаваа содржина, најчесто кратки филмови, направени со енџинот што го користат некои видеоигри.

Понекогаш филмовите беа поврзани со играта, а понекогаш воопшто не беа поврзани со филмот туку имаа сосем различна содржина, иако беа креирани со енџинот на играта. Ваквата содржина му донесе 12,4 милиони следачи на каналот Machinima.

Во текот на изминатиот викенд фановите на овој YouTube каналот мораа да се соочат со веста дека тој е згаснат. Целата нова содржина беше обележана како Private, каналот беше ефективно отстранет од интернетот, без притоа да се известат креаторите кои таму ја пласираа нивната содржина таму.

Како компанија, Machinima постоеше преку 18 години. YouTube каналот беше основан како платформа за промоција на работата на Machinima и за бројните креатори кои сакаат да ја пласираат нивната оригинална содржина на интернет. Тој постои од самиот зачеток на YouTube (2006) и во текот на овие нешто повеќе од 12 години успеа да собере огромна фан-база.

Најпогодени од згаснувањето на овој канал се креаторите, кои потпишаа долготрајни договори со Machinima само за да дознаат дека нивната содржина е засекогаш загубена. Machinima веќе неколку месеци се бори со незадоволството на креаторите поради односот на компанијата према нив, а гасењето на каналот дојде како изненадување за сите кои не се дел од неа.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Гејминг

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Read more

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Read more
 

Гик

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе