Зголемена потрошувачката на антибиотици, поголем е ризикот од појава на резистентни бактерии

Скопје, 20 ноември 2019 (МИА) – Потрошувачката на антибиотици во државава во 2018 година се проценува во ранг од 30 до 35 дефинирани дневни дози на 1.000 жители на ден, што споредено со европскиот просек кој изнесува 20,1 дефинирани дневни дози на 1.000 корисници на ден јасно покажува дека е потребна сериозна борба со антимикробната резистенција преку рационална употреба на антибиотици. Од редовните анализи за 2018 година може да се забележи дека биле реализирани 1,75 милиони рецепти за антибиотици. Се пропишувале антибиотици на рецепт со поширок спектар на делување, со што се зголемува ризикот од појава на резистентни соеви на бактерии, соопшти Фондот за здравствено осигурување.

Од Фондот апелираат на рационално користење лекови, врз основа на медицина базирана на докази, истовремено подигнувајќи ја свеста и кај осигурениците да ги почитуваат советите на лекарите и фармацевтите во однос на користењето на антибиотиците.

Потрошувачката на антибиотици на товар на Фондот за 2018 година во примарната здравствена заштита, како што се посочува, достигна околу 17 дневни дефинирани дози на 1.000 осигуреници на ден, сметано според новите АТЦ ДДД индекси за лекови определени од Светската здравствена организација.

Од Фондот наведуваат дека ги имаат само податоците за потрошувачката на антибиотици на рецепт кои се на позитивната листа, но, дека бројката на потрошувачка на антибиотици е поголема, бидејќи има регистрирани антибиотици кои се продаваат комерцијално, односно не се на позитивната листа, за нив немаат податоци.

– Од редовните анализи на Фондот за здравствено осигурување за 2018 година, може да се забележи дека биле реализирани 1,75 милиони рецепти за антибиотици, со вкупен износ од 295 милиони денари. Бројот на рецептите за антибиотици во однос на 2017 година е намален за два отсто, но сепак загрижува податокот дека за 14 отсто е зголемен бројот на рецепти за антибиотици од подгрупата Макролиди, за два отсто е зголемен бројот на реализирани рецепти за Беталактамски–пеницилински антибиотици и исто за отсто има зголемување за Цефалоспоринските антибиотици од втората генерација, соопштија од Фондот.

Најкористен антибиотик во примарната здравствена заштита, како што се истакнува, е Аmoxicillin+clavulanic acid, а во болничката здравствена заштита тоа е Ceftriaxon.

– Тоа значи дека се пропишувале антибиотици на рецепт со поширок спектар на делување, со што се зголемува ризикот од појава на резистентни соеви на бактерии. Фондот за здравствено осигурување активно ја поддржува и годинава учествува во националната кампања за подигнување на јавната свест за правилно користење на антибиотиците, во рамките на одбележувањето на Светската недела за рационална употреба на антибиотиците и Европскиот ден за рационална употреба на антибиотиците со цел зачувување на нивната особена тераписка важност и вредност како лекови кои спасуваат животи, стои во соопштението.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Read more

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе