„Зградата на смртта“ во Индија се срушила додека сите спиеле

МИА/КАЈГАНА
/ 22.09.2020 / 10:35

Уште тела се извлечени од под урнатините на зградата во близина на главниот индиски финансиски центар Мумбај, со што вкупниот број на загинати денеска се зголеми на 20, соопшти локалната полиција.

Трикатната станбена зграда во густо населената населба Биванди се урна вчераутро, додека станарите сѐ уште спиеле.

Се проценува дека кога се срушила зградата, која локалните медиуми ја нарекуваат „зграда на смртта“, внатре имало повеќе од 60 станари.

„Меѓу загинатите има девет деца“, изјави претставникот на локалната полиција, Малоји Шинде.

Remote video URL

Спасувачката операција продолжува со помош на Националните сили за помош при катастрофи (НДРФ).

„Најмалку уште 20 лица е можно сѐ уште да се наоѓаат заробени во урнатините“, изјави официјален претставник на НДРФ.

Локалната полиција соопшти дека зградата била стара околу 40 години, а се шпекулира дека била прогласена за недоволно безбедна за живеење и била наредена евакуација, но дека станарите не се иселиле навреме.

Ваквите несреќи, за жал, не се ретки во Индија, а причините најчесто се неквалитетната и неправилна градба, материјалите со низок квалитет и лошите временски услови, како поројните дождови кои предизвикуваат свлекување на земјиштето.

Remote video URL
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Read more

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Read more

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Read more

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе