„Жан Митрев“ ќе утврдува присуство на мутирани соеви на SARS-CoV-2 во државата

Скопје, 28 декември 2020 (МИА) – Поради појавата на нов вирусен субтип со зголемена преносливост во Велика Британија, лабораторијата за генетика и персонализирана медицина од Клиничката болница „Жан Митрев“ од денеска повторно почнува со секвенционирање на SARS-CoV-2 примероци. Целта е утврдување на можно присуство на мутирани соеви од овој вирус кај македонски пациенти.

Од „Жан Митрев“ посочија дека во текот на наредниот период ќе ги информираат надлежните институции и јавноста за добиените резултати.

Од болницата соопштија дека според препораките на Европскиот центар за заразни болести (ЕДЦ) неопходно е да бидат навремено преземени чекори за утврдување на постоење и следење на ваквите еволуции на вирусот.

-Самиот факт дека генетската еволуција на SARS-CoV-2 вирусот може потенцијално да влијае на антигенските својства, неговата преносливост и јачина, се доволен показател дека треба да бидат земени предвид при планирање на следните чекори за справување со ширењето на истиот. Затоа ние како општествено одговорна лабораторија почнувајќи од денеска, ќе започнеме со собирање на примероци од македонски пациенти позитивни на корона вирусот и по добивање на нивна согласност истите ќе бидат дополнително секвенционирани на наш трошок, за да утврдиме присуство/отсуство на новиот мутиран сој SARS-CoV-2, познат како VUI – 202012/01, соопштија од болницата.

Оваа иницијатива ќе се реализира во следните неколку месеци, со што како што посочија од болницата, ќе може да се утврди еволуцијата на вирусот на македонско тло.

За овој проект од „Жан Митрев“ информираат дека се во комуникација со локалната канцеларија на СЗО и дипломатските претставништа, од кои очекуваат поддршка која ќе обезбеди аргументирано и интелектуално издржано известување во борбата против лажните и извадени од контекст информации. Ги покануваат сите институции и капацитети, јавни или приватни доколку имаат можност да се приклучат во оваа борба.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Read more

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе