Жбогар: Република Северна Македонија е на вистинскиот пат во евроинтегративните процеси

Охрид, 27 мај 2019 (МИА) – Амбасадорот на Европската унија Самуел Жбогар денеска од Охрид оцени дека Република Северна Македонија е на вистинскиот пат кога станува збор за нејзините евроинтегративни аспирации.

– Кога ќе се застане и ќе се види што е сторено во изминатите месеци или години, се гледа напредок. Знаеме дека граѓаните гледаат критички на процесите, дека очекуваат повеќе. Но сепак, многу е направено, не само во подобрувањето на односите со соседите, туку и во оферата на реформите. Тоа ќе биде признаено во извештајот што ќе биде објавен в среда, рече Жбогар.

Што се однесува на резултатите од спроведените парламентарни избори во рамки на ЕУ, Жбогар нагласи дека има зголемена поддршка за евроконзервативците, но оти се уште проевропските партии имаат цврсто мнозинство во Европарламентот.

– Евроскептичките партии на изборите за новиот состав на Европарламентот навистина бележат зголемена поддршката кај гласачите во Европа, но помалку отколку што беа стравувањата. Главните проевропски партии, оние што се уште веруваат во идно натамошно зајакнување на ЕУ, се уште имаат силно мнозинство во Европарламентот што е охрабрувачки. Ќе треба да почекаме да се формира новото европско раководство, така што за очекување е да се гледа оптимистички кон идните процеси, рече тој.

Во врска со тоа колку таквите резултати ќе влијаат врз аспирациите на Република Северна Македонија за членство во Унијата тој истакна дека е на државата да ги исполнува критериумите за членство, а оти тоа е процес што се реализира чекор по чекор.

– Оваа недела ќе го објавиме Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија, за кој верувам дека ќе биде многу позитивен и поддржувачки. На државите-членки е да решат дали земјата ќе отпочне преговори за членство. Европарламентот нема решавачка улога во тој процес, појасни Жбогар.

Евроамбасадорот Жбогар денеска престојуваше во Охрид каде го објави почетокот на новата кампања под брендот „ЕУ за ТЕБЕ“, насочена кон активности за подигнување на свеста на граѓаните и институциите за неопходноста од заштитата на животната средина. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Македонија

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе