Жбогар: Северна Македонија да продолжи со реформите

Скопје, 28 јануари 2020 (МИА) – Идните заеднички односи меѓу Европската унија и Северна Македонија ќе се базираат на три столба поставени од Унијата и три приоритети кои земјата треба да ги заврши како обврски, порача евроамбасадорот Самуел Жбогар во обраќањето на денешната тркалезна маса насловена „Патот кон НАТО и ЕУ –  предизвици и перспективи“ организирана од Советот на амбасадорите во соработка со кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски.

Според него, првиот столб на ЕУ се однесува на новата методологија на преговорите за членство што треба да ја претстави Европската комисија, вториот е во врска со одлуката за почеток на преговори на која од лидерите на ЕУ се очекува да се осврнат пред загрепскиот Самит во мај, и третиот е самиот Самит во Загреб, кој ќе се фокусира на економски развој и закрепнување на регионот.

Од друга страна, Северна Македонија, како што рече евроамбасадорот, треба да продолжи со реформите, особено во делот на правосудството, борба против корупција и организиран криминал и реформа во разузнувањето, со цел, како што вели, граѓаните да се сигурни дека сите се еднакви пред правдата, дека криминалот се санкционира и оти основните права се почитуваат.

Тој изрази надеж дека новиот закон за јавното обвинителство ќе биде усвоен пред Собранието да се распушти. Предложеното законско решение, како што вели Жбогар, е добра основа за да се донесе консензуална одлука. Евроамбасадорот апелира опозицијата и во овој случај да покаже конструктивност и посветеност на европската иднина на земјата.

Предвремените парламентарни избори, рече тој, претставуват можност земјата да покаже политичка зрелост, спроведувајќи кампања и избори согласно меѓународните стандарди.

Импементацијата на Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија треба да продолжи, бидејќи, како што вели, тие се позитивен пример во регионот за зајакнување на добрососедските односи.

На тркалезната маса говорници беа и амбасадори на земји – членки на ЕУ, амбасадорката на САД Кејт Мери Брнз, наши поранешни амбасадори и претставници на СЕП. 

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Македонија

Ванковска: Без директно соочување на противкандидатите мислам дека сите ќе бидеме посрамени

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Read more

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Read more
 

Вести

Ванковска: Без директно соочување на противкандидатите мислам дека сите ќе бидеме посрамени

Читај повеќе

Уапсен 26-годишник, се обидел да силува 68-годишна жена

Читај повеќе

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Читај повеќе
  • play_arrow

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Читај повеќе

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Читај повеќе
  • filter

Промовирана Мојот сон во родната Крива Паланка, на Саем на книга ќе ја продава Топер

Читај повеќе

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Читај повеќе

Малолетник од Тетово украл возило, бегајќи оштетил друго возило

Читај повеќе

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Читај повеќе