Тенис
УС ОПЕН 2019

Ждрепка за УС Опен: Најтежок пат за Ѓоковиќ

23. август 2019 - 9:56 | Ф.З.

На денешната ждрепка за УС Опен се чини најлошо помина фаворитот Новак Ѓоковиќ кој на патот до финалето би морал да помине преку Медведев и Федерер за во евентуално финале да игра против Надал.

Немилосрдна беше ждрепката за новото издание на УС Опен. Доколку најдобрите тенисери одат според планот, уште пред финалето би требало да има соочување Ѓоковиќ - Медведев и Ѓоковиќ - Федерер бидејќи тројцата се наоѓаат во ист круг што значи дека не можат да се сретнат во финалето, само на патот до него. Во нивниот дел се и Јанко Типсаревиќ, Стан Вавринка, Борна Чориќ и Кеи Нишикори.

Првиот носител Новак Ѓоковиќ во првото коло ќе игра против Шпанецот Роберто Карбаљес Баена. Вториот Рафаел Надал против Австралиецот Џон Милман. Треторангираниот Роџер Федерер ќе чека квалификант. Четвртиот Доминик Тим ќе му се спротивстави на Италијанецот Томас Фабијано, а петторангираниот Даниил Медведев ќе се соочи со Индиецот Праџнеш Гунесваран.

УС Опен почнува во понеделник, а ќе трае до 8 септември. Токму Ѓоковиќ е бранител на тронот.

Коментирај