Желбата за одмазда победува во трејлерот за „The Nightingale“
По неверојатниот успех на „The Babadook“ на режисерката Џенифер Кент, доаѓа нов филм, „The Nightingale“, чија премиера е закажана за 2 август.
Дејството во филмот е сместено во 1825 година, додека трае колонизацијата во Австралија. Една млада жена е брутално постојано силувана додека нејзиниот сопруг и бебето се убиени од немилосрден британски офицер. Оставена да умре, младата Клер со помош на трагач домородец, Абориџинот Били, оди да го пронајде убиецот и да му се одмазди.
Во текот на патувањето таа и Били се запознаваат и учат за животот еден од друг. Досега, филмот е прикажан на неколку фестивали и има добиено претежно позитивни критики. Исполнет е со сурови сцени и насилство, па не е за секого, но приказната е дефинитивно трогателна.