Жена ранета на свадба во Мала Речица

Жена била ранета вчера попладне на свадбена веселба во тетовска Мала Речица, соопшти полицијата.

Според истиот извор, во Клиничката болница во Тетово било пријавено дека кај нив била донесена М.О. (38) од Мала Речица, тетовско, со повреди во пределот на нозете нанесени од огнено оружје.

По извршениот разговор констатирано е дека повредите ги добила на свадбена веселба во Мала Речица, во дворот на куќата на М.Н.(44). Тој со пиштол марка „Зиг Зауер 229“ калибар 9мм, кој го поседувал со дозвола, испукал неколку куршуми, од кои еден ја погодил М.О. во нозете нанесувајќи ѝ влезно-излезни рани.

Од страна на СВР Тетово е излезено на местото на настанот. Направени се фотографии, М.О. е лишен од слобода и приведен во ПС Тетово. Пиштолот и четири испукани чаури се обезбедени за понатамошна постапка.

По консултација со јавен обвинител, М.О. е ослободен, а по целосно расчистување и документирање на настанот, на истиот ќе му биде поднесен соодветен поднесок. 

реклама

Хроника

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе