Жена собра 2 тони пластичен отпад од плажи во Канада за една година

Во изминатава година Карен Џенер го дава својот придонес за почиста животна средина, самоиницијативно чистејќи ги плажите во Нова Скотија, Канада. Во тој период таа собра 2 тони пластичен и најлонски отпад исфрлен на плажите.

„Ова е само една капка во океанот“, изјави таа за CBC. „Може да има уште 100 како мене и пак ќе доаѓа уште и уште жубре. Водата е преполна со пластика.“

Се проценува дека секоја година во океаните завршуваат најмалку 8 до 13 милиони тони пластичен отпад. Според извештај на National Geographic, 73% од ѓубрето на плажите го сочинува пластичниот и најлонскиот отпад.

Тоа значи дека секоја минута во океанот завршува еден ѓубреџиски камион полн со пластика. Ви падна тешко? Почнете да преземате нешто, како тоа го направи Карен откако гледала документарец за загадувањето на океаните.

„Ако луѓето не се свесни за проблемот, многу е тешко да допрете со нив. Кога луѓето помислуваат на пластика и проблемите со пластичен отпад, не помислуваат на места како Нова Скотија, но и тука имаме проблем со пластичниот отпад“, вели таа.

Ѓубрето што таа го има собрано содржи секаков вид на пластичен отпад: од четки за заби и ќеси за пазарење до пластични шишиња, кофи и други видови контејнери. Некои од отпадоците што ги нашла се стари повеќе од 40 години!

Карен потсетува дека колку и да се потребни и одлични акциите за чистење, поголемиот проблем лежи во производството и употребата на пластика и најлон. Исто така, рециклирањето мора да биде подобро регулирано, а не поделениот отпад пак да завршува на исто место – во океанот.

Луѓето треба да запомнат дека откако ќе го фрлат пластичниот отпад во контејнер тој не исчезнува, останува тука уште стотици и илјадници години и го загрозуваат човековото здравје и животната средина.

Потребни се 1.000 години за да се разгради еден пластичен предмет на отпад. Најлонските ќеси што ги користиме секој ден се распаѓаат 10.000 години, а за едно пластично шише потребни се најмалку 450 години.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе