Жена во Тексас три години живеела со мртвото тело на мајка ѝ

Жена од Тексас, САД е уапсена откако било најдено тело во распаѓање во станот со две спални соби каде живеела со ќерка ѝ.

Полицијата соопшти дека телото е на нејзината мајка (71) која починала во 2016 година откако паднала.

Уапсената жена, чиј идентитет не беше откриен, не ѝ пружила на мајка си соодветна помош откако таа паднала и старицата починала неколку дена по падот што инаку немало да биде фатален ако добиела помош.

Останките на телото биле најдени на подот во една од спалните соби. 47-годишната жена и ќерка ѝ спиеле во другата соба.

Внуката имала помалку од 15 години кога се случил инцидентот и била приморана да живее со труп во домот, па мајката се товари и за „повреда и загрозување на добросостојбата на малолетник до 15 години“.

Девојката е згрижена од социјалните служби и ќе живее со роднини додека истовремено ќе добива помош од службите.

Мајката се соочува со затворска казна до 20 години и парична казна до 10.000 долари.

Полицијата соопшти дека бабата била почитуван член на локалната заедница и 35 години работела како секретарка и наставничка во локалното училиште.

Не е познато зошто жената не ја пријавила смртта на мајка ѝ. Се претпоставува дека причината е финансиска измама, односно за да продолжи да ја прима нејзината пензија.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе