Стил

Жената која ќе го замени Карл Лагерфелд

23. февруари 2019 - 13:51 | Б.С.Б.

Многумина се прашуваат кој ќе ја презеде должноста на славниот дизајнер кој почина на 85 години по кратко боледување.

Вирџинија Вијар ќе ја презеде должноста во модната куќа Chanel што досега ја извршуваше покојниот Карл Лагерфелд. Станува збор за жена која веќе 30 години владее со Chanel, од сенка. Досега таа беше директорка на студиото во модната куќа.

Во 1987 година Вирџинија стана дел од тимот во Chanel, вработувајќи се како приправник. По четири години таа станала директор. Токму таа е одговорна за имплементација на идеите на Лагерфелд, работи со креативен тим и контролира многу процеси, од купување ткаенини до контрола на квалитетот.

Самиот Лагерфелд ја има пофалено, нарекувајќи ја жената која го надмина совршенството. Тој ја нарече негова десна рака, но и лева рака.

Дизајнерот повеќе пати има кажано и признаено дека таа е личноста која дава живот на идеите, ги адаптира во потребите на модерните жени и спречува да изгубат допир со реалноста.

Коментирај