Женева ќе стане урбана лабораторија за еколошката транзиција

Градот Женева како лабораторија за градови со позелена иднина – тоа беше визијата која ја реализираше Фондацијата Braillard Architectes (FBA), ма првата интернационална работилница за архитекти и инженери за просторно и урбанистичко планирање, на која се разработуваа тактики и алатки за намалување загадувањето со јаглерод диоксид во градовите.

Двонеделната работилница Transition Workshop 2020 заврши на 24 јули, а целта беше да се обучат професионалци кои ќе ја спроведат промената кон остварување на zero carbon emissions (постигнување нула емисии на јаглерод диоксид) до 2050 година, со примена на опипливи примери од пејзажот на градовите.

Зошто е ова важно?

Неодржливата урбанизација е еден од најголемите засилувачи на потрошувачката на енергија, емисиите на јаглерод диоксид и следствено - климатските промени. Затоа станува императив градовите да бидат добро дизајнирани и менаџирани.

Со поддршка на Еколошката програма на Обединетите Нации, чие седиште е во Женева, FBA го лансираше проектот Eco-Century Project за да ги испита односите меѓу просторното планирање и планетарните ресурси.

Работилницата беше тест за новата, пообемна едукативна рамка што за замислува FBA, а ќе ја предводи новата генерација урбани архитекти, дизајнери, инженери и политички фигури.

Градот Женева, Кантонот Женева, École Polytechnique Fédérale de Lausanne (EPFL), Liechtenchtein Institute for Strategic Development, Bureau Haus и Services Industriels de Genève (SIG) се партнери на проектот.

Еколошка транзиција

„Еколошката транзиција е сега. Новата генерација на мотивирани и обучени професионалци ќе делува како колективен спроведувач на промената, ќе дава поддршка и ќе инспирира придвижување кон одржлив развој на места, заедници, градови и региони. Клучно е да се развие нов циклус на знаење и вештини за создавање и забрзување на проекти во еколошката транзиција. Градовите и териториите мора да развијат нови проекти за постигнување нула емисии на јаглерод диоксид, во поглед на просторот, општеството и естетиката, како глобален и локален егзистенцијален предизвик“, вели Панос Манцијарас, директор на FBA.

Трите цели на работилницата се: кревање на свеста, пренос на дизајнерските алатки и окуражување на новата генерација; кревање свест за одржливата архитектура, урбанизмот и просторното уредување на зеленилото; како и создавање и пренос на дизајнерски алатки и методи за отпорни и издржливи градби, градови и региони.

Манцијарас вели дека за него најитна цел е да му се дадат на Кантонот Женева нови идеи и алатки за имплементација на стратегиите за еколошки дизајн, како и да се советува приватниот сектор, кој е вистинскиот градител во Женева.

„Еколошката транзиција е многу комплексна тема. Ние скромно се обидуваме да создадеме нешто што не постои во моментов: генетски материјал за школата за транзиција“, вели тој.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Наука

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Read more

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Read more

Ретко суштество за кое малку се знае снимено на дното на морето

Read more

Свински бубрег првпат трансплантиран на човек, лекарите воодушевени

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе