Здравје

Жените кои поретко водат љубов побрзо влегуваат во менопауза

16. јануари 2020 - 14:37 | Б.С.Б.

Жените кои имаат сексуални односи барем еднаш неделно покасно влегуваат во менопауза од жените кои имаат секс еднаш месечно.

Научници од Универзитетот во Лондон анализираа податоци од студија која се занимава со здравјето на жените во САД. Станува збор за најразновидно и најрепрезентативно истражување во кое биле опфатени заеднички искуства на исти целни групи во подолг период. Предмет на истражувањето била менопаузата.

„Резултатите од студијата покажуваат дека телото не стимулира овулација ако нема редовен сексуален контакт. Организмот природно бира дали ќе го користи енергетскиот потенцијал за продолжување на родот или енергијата би се вложила во, на пример, чување внуци“, објаснува авторката на студијата Меган Арно.

Научниците тврдат дека е бесмислено да се троши енергијата на телото за овулација ако се знае дека поради недостаток на сексуална активност нема да дојде до бременост.

„Менопаузата е неизбежна и не постојат медицински методи кои би ја одложиле или спречиле. Сепак, резултатите од студијата покажуваат дека со текот на времето менопаузата може да се предвиде благодарение на следењето на репродуктивниот потенцијал на жената“, објаснува професорката Рут Мејс.

Коментирај