Љубов и секс

Жените повеќе сакаат ниски мажи, со темен тен и тетоважи

10. септември 2017 - 14:49 | А.С.

Резултатите од истражувањето на компанијата Match.com се спротивставија на досега познатите убедувања дека жените сакаат високи и згодни мажи. Истражувањето на веб страницата за наоѓање партнер што ги анализираше мислењата на повеќе од 1 милион свои корисници, укажува дека за жените идеални се ниски мажи со потемен тен.

Висината е една од првите работи што ги забележувате кај некого и долго време се веруваше дека жените повеќе сакаат повисоки и згодни мажи, водени од биолошкиот нагон да го бараат најсилниот мажјак.

Резултатите на Match.com се покажаа контроверзни, имајќи предвид дека едно друго истражување од 2016 година покажа дека жените на прв поглед најмногу ги интересира дали мажот е висок.

Експертката за врски Вики Павит вели дека со тек на време се сменило она што се смета за привлечно кај потенцијалните партнери, но дека преференците никогаш не можело да се предвидат.

Затоа биле изненадени од резултатите од новото истражување дека мажите сакаат русокоси со долга коса и сини очи, а жените сакаат ниски мажи со темен тен и тетоважи.

Павит сепак потенцира дека идејата за „совршен партнер“ не постои и дека треба да се биде отворен за типови на луѓе кои би можеле вие да ги привлечите, кога барате партнер.

Интересно е дека и мажите и жените биле усогласени дека повеќе сакаат љубители на кучиња и луѓе кои сакаат поп рок музика.

Исто така, и двата пола рекле дека насмевката е првото нешто што ги привлекува кај потенцијалниот партнер.

Коментирај