Љубов и секс

Жените повеќе уживаат во сексот под дејство на марихуана

8. октомври 2018 - 14:42 | А.С.

Најново истражување објавено во научното списание The Journal of Sexual Medicine покажа дека жените повеќе уживаат во сексот кога се под дејство на марихуана.

Целта на истражувањето била да се открие дали користењето марихуана пред секс влијае врз сексуалното доживување, колку и во кои домени на сексуалната функција има дејство.

Истражувачите велат дека 68% од жените кои користеле канабис пред да имаат секс рекле дека повеќе уживале во сексуалното доживување во споредба со сексот кога не биле под дејство на марихуана.

Претходни истражувања покажале дека марихуаната им помага на жени кои потешко постигнуваат оргазам полесно да стигнат до кулминација на сексуалното доживување.

Во друго истражување на универзитетот Стенфорд било докажано дека има поврзаност меѓу користењето марихуана и тоа колку често луѓето имаат секс.

Резултатите од истражувањето во кое биле опфатени 28.176 жени и 22.943 мажи на просечна возраст од 29 години, покажале дека корисниците на марихуана имаат за 20% повеќе секс од оние кои не користат канабис.

Коментирај