Жените во Франција се изедначија во сексуалните активности со мажите

Според најновото Истражување за сексуалноста во Франција и бројот на партнери и разновидност во сексуалните активности се во подем во Франција.

Речиси 50 години откако француската мајска револуција во 1968 година излезе со слоганот „задоволство без опструкции“, едно ново истражување студија открива дека Французите од двата пола се вклучуваат во се поразличен и почест секс отколку кога било. Сепак, можеби најзначајното откритие во овој извештај е дека Французинките сериозно држат чекор во сексуалната трка со нивните машки ривали, уште од последното национално истражување за сексот од 1992 година.

Според извештајот од 600 страници од новото Истражување за сексуалноста во Франција, спроведено на барање на француската Национална истражувачка агенција за СИДА, и бројот на партнерите и различноста на сексуалните активности во изминатата деценија во Франција се во значаен подем. Можеби ова не треба да изненадува, со оглед колку секс има во забавната индустрија, на интернет и во јавните дискусии.

Сепак, она што помалку се очекуваше е колку ревносно француските жени го затворија јазот со мажите во смисол на бројот на љубовници, возраста на првото сексуално искуство и разновидноста на сексуални активности што се практикуваат. Во некои аспекти, жените првпат дури и ги надминале мажите.

Само 3,5 проценти од жените на возраст помеѓу 18 и 35 години сега велат дека се сексуални апстиненти, на пример, наспроти 6,2 проценти од мажите од истата возрасна група. Французинките се сексуално активни од помлада возраст и почесто го практикуваат отколку претходно, додека 20 проценти од Французите на возраст помеѓу 18-24 години рекле дека немаат интерес ниту за секс или романтична активност.

Во истражувањето, во кое биле испитани пвеќе од 12.000 мажи и жени на возраст помеѓу 18 и 69 години, се открива дека просечната возраст на првите сексуални односи е 17,2 години кај Французите, и 17,6 години кај Французинките – што е пад кај младите француски жени од пред скоро 20 години. (За споредба, просечната возраст во САД за почеток со сексуална активност е 17,3 години кај мажите, и 17,5 години кај жените).

Бројот на доживотни сексуални партнери е исто во пораст: Французинките на возраст помеѓу 30 и 49 години пријавиле во просек 5,1 љубовници во нивниот живот (во споредба со 4 во 1992 и 1,5 во 1970 година). Мажите од истата возрасна група пријавуваат прилично повисоки бројки – 12,9 партнери денес – но ова малку се изменило во споредба со оние кои биле испитувани во 1992 (12,6) и 1970 (12,8).

Процентот на луѓе кои рекле дека имале само еден сексуален партнер во нивниот живот паднал од 43 проценти во 1992 на 34 проценти денес кај жените, во споредба со 16 проценти кај мажите (што е пад од 18 проценти во 1970 и 21 проценти во 1992 година). Денес, точно 90 проценти од жените на 50-годишна возраст рекле дека остануваат сексуално активни, што е голем скок од 50 проценти во 1970 година.

Причината за скокот на сексуална активност? Од истражувањето се дознава дека промените се главно заради зголемената достапност до сексуални содржини и полесниот достап до партнери со исти карактеристики кои можат да се пронајдат едни со други.

Извештајот открива дека секое второ од три деца во Франција гледале порно филм на 11-годишна возраст; истовремено, 10 проценти од жените и 13 проценти од мажите рекле дека користеле веб страници за да се поврзат со идните партнери. На млада возраст, процентот на жени кои го користат интернетот за да дојде до партнер го надмина тој на мажите.

Скоро 36 проценти од Французинките рекле дека доживеале „честа или повремена“ сексуална дисфункција во последната година од нивниот живот, додека едвај над 21 проценти од Французите го изјавиле истото.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Љубов и секс

Венера во Овен до 29 април: 4 хороскопски знаци ќе доживеат големи промени во љубовта

Read more

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Read more

Колку често мажите и жените помислуваат на секс?

Read more

Постојано критикување - штетна навика која може да ја уништи врската

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Читај повеќе

Захер тортата настанала непланирано, а поради богатиот вкус го освои светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Сочни и крцкави со месеци: Трик за складирање јаболка од XVIII век

Читај повеќе

Ресторан дава бесплатно шише вино ако не зјапате во телефонот додека јадете

Читај повеќе

Зошто не треба да спиете со мокра коса?

Читај повеќе
  • filter

Мис ВИ: Се избира најубавата компјутерски генерирана жена

Читај повеќе

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Читај повеќе

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Читај повеќе