ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Женски судиски тим ќе дели правда на натпреварот Костарика-Германија

Целосно женски судиски тим ќе го суди натпреварот на Светското првенство в четврток меѓу Костарика и Германија во Катар.

Главна судијка ќе биде Стефани Фрапар, а таа ќе стане и првата жена што ќе ја има таа улога на Светско првенство за мажи.

Французинката претходно стана прва судијка на машкото светско првенство бидејќи ја имаше улогата на четврти судија на мечот Мексико - Полска.

„Јасно ни е дека постои притисок. Сепак, тоа нема да нè промени. Ќе бидеме мирни, концентрирани и нема да размислуваме премногу за медиумите и останатите, само ќе се фокусираме на теренот“, изјави Фрапар за BBC Sport.

URL

Ќе ѝ помагаат колешките Неуза Бак и Карен Дијаз Медина кога в четврток на стадионот „Ал Бајт“ ќе започне натпреварот меѓу Костарика и Германија.

„Откако почнав да судам, секогаш имав поддршка од тимовите, клубовите и играчите. Секогаш бев добредојдена на стадионот, се чувствував како другите судии на теренот“, изјави Фрапар.

URL

Таа беше првата жена која судеше на машки натпревар од Лигата на шампионите во 2020 година.

38-годишната Французинка беше првата жена која судеше на голем фудбалски натпревар за мажи кога Ливерпул и Челси се сретнаа во Суперкупот на УЕФА во 2019 година.

Улогата на главни судијки на овој Мундијал ќе ја имаат и Салима Мукансанг од Руанда и Јошими Јамашита од Јапонија.

URL
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Ел Класико се сели во САД

Read more

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more
 

Спорт

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе