Тело на повозрасна жена било извлечено од водите на реката Вардар во Велес.
Според информациите на МВР, вчера во 12.50 часот во водите на реката Вардар, на местото наречено Долни Дуќани, од страна на граѓанин бил пронајден леш на женско лице на возраст од 70-ина години.
Полицијата презема мерки за утврдување на идентитетот на лицето и целосно расчистување на случајот.