Женскиот мозок е четири години „помлад” од машкиот

Вашингтон, 7 февруари 2019 (МИА) – Научници од Универзитетот во Вашингтон со помош на ПЕТ скенирање дојдоа до заклучок дека женскиот мозок е помлад за скоро четири години од машкиот. Се надеваат дека со ова ќе може да се објасни зошто женскиот мозок е поотпорен на губење на помнењето, како и на невролошките заболувања во староста.

Познато е дека стареењето на мозокот е поврзано со постепеното намалување на метаболизмот во мозокот. Со испитувањата, научниците се обиделе да ја проценат „староста“ на тој метаболизам.

Како што зрелото доба напредува, сѐ помало е количеството глукоза која „се пумпа” до човечкиот мозок, што и го намалува дотокот на енергија. Глуколизата којашто го покренува шеќерот научниците ја означиле како маркер за староста на мозокот. Потоа следеле ПЕТ скенови (тестови за заболувања) над 121 жена и 84 мажи, што им овозможоло да го измерат нивото на кислород и глукоза што минува низ нивните мозоци.

Врз основа на добиените податоци и користејќи алгоритам за машинско пресметување, заклучокот гласи дека мозокот на жената е во просек 3,8 години помлад од вистинската хронолошка возраст.

Еден од авторите на изражувањето, проф. Ману Гојал, смета дека ова е прилично цврст показател на мерливите разлики меѓу половите.

– Дури кога ќе почнеме да разбираме како разните фактори поврзани со полот можат да влијаат на стареењето на мозокот, може да дојдеме до одговори околу тоа како тоа влијае на ранливоста на мозокот и на невродегенеративните болести, нагласи тој.

– Метаболизмот на мозокот може да ни помогне да објасниме некои од разликите коишто ги гледаме меѓу мажите и жените додека стареат, додава проф. Гојал.

Во тестирањата учествувале лица на возраст од 20 до 82 години и, младоста на женскиот мозок не се забележува само кај повозрасните жени, туку и кај девојките.

Нареден чекор е следење – како оваа теорија се одвива во реалноста, односно дали луѓето што изгледаат умствено помлади навистина се поотпорни на намалување на мозочната работа. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Наука

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе