Жерновски даде отчет: Исполнети проекти без финансиска поддршка

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски даде отчет за сработеното во четирите години. Тој кажа дека тој и раководството наследиле празна буџетска каса и дека во првите три месеци во општината влегле три пати повеќе инспектори отколку во целиот мандат на претходниот градоначалник.

„Покрај сите блокади успеавме општината Центар да ја направиме поубава, поурбана, позелена, општина со жив дух на културата, дружбата, хуманоста и спортот. Со нула денари поддршка од владата реализирани се значајни проекти. По 42 години, најмладите ја добија најмодерната градинка, ‘Кочо Рацин’, обновени се клонот на ‘Панорама’ и градинката ‘13-ти Ноември’, а по 40 години општина Центар исклучиво со свои средства гради ново основно училиште во Капиштец, кое ќе биде најмодерно на Балканот. Воведени се награди за најдобрите наставници, воспитувачи, негователи и готвачи, како истипендии за најдобрите ученици. Наместо родителите, општина Центар го плаќа обезбедувањето, еднодневните екскурзии, часовите по физичко и англиски јазик. Со право општината го носи епитетот „зелена општина“, која има обновено и засадено зеленило на површина од 78000 м2. Изградени се десет нови детски игралишта, реконструирани се улици со вкупна површина од 52000 м2. Двете улици на боемите веќе станаа култно место за љубителите на добра храна и музика и пријатен амбиент, рече Жерновски.

Градоначалникот на Центар кажа дека се изградени 4 нови сквера, 13 обновени фасади, бесплано паркирање на жителите на Центар и се изградени игралишта и фискултурни сали, а се помагаат одбојкарите и кошаркарите на “Работнички“.

Преку референдумот, општина Центар се избори ГТЦ да го зачува автентичниот изглед, спречена е изградбата на Шпанските скали, направена е ревизија на контроверзниот проект “Скопје 2014“, со што се покажа незаконското работење на претходното раководство на општината.

“Општина Центар е единствената општина која го нема добиено неизграденото градежно земјиште. Очекуваме една од првите одлуки на новата влада да биде ова, за да не продолжи раскрчмувањето на имотот на жителите на Центар. Што се однесува до терасата на зградата на ВМРО-ДПМНЕ, таа е дивоградба, но Град Скопје се прогласи за надлежен, второстепната комисија ја одби нашата жалба и затоа, бидејќи не се работи за обична тераса таа мора да се отстрани по законските измени кои ќе ги направи новата влада и ќе им ги врати одземените ингеренции. Ние не ги делиме дивоградбите според тоа чии се и дали се на судии, претседатели на судови или политичари“, рече Жерновски.

Одговарајќи на новинарски прашања, Жерновски рече дека ќе се кандидира за нов мандат за градоначалник на општина Центар. Тој кажа дека е политичко прашање дали ќе биде кандидат на СДСМ или самостоен кандидат.

„Кандидатурата ја предадов преку партијата и ја очекувам нивната поддршка. Резултатите се тука, анкетите исто говорат за мојата поддршка. Имам слушнато за идеите за тоа да бидат кандидат за градоначалник за Град Скопје, но за ова уште не е разговарано“, рече Жерновски.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Македонија

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Read more

Приватните специјализанти на протест пред Министерството за здравство

Read more
 

Вести

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе