Жестока реакција на Роби Телекабел: ТВ-гледачите ќе плаќаат 100 денари поскапи сметки поради Владата и националните телевизии

Сопственикот на Телекабел, Роберт Димитров, во објава на социјалните мрежи денес ги обвини телевизиите дека поради повеќе пари вршат притисок врз поединци од Владата, која во моментов за да им удоволи подготвува уредба со законска сила операторите кои ги нудат ТВ-пакетите да им плаќаат по 100 денари од претплатник. Вчера, Димитров добил информација дека Уредбата ќе се однесува на формирање некаков Фонд за помош на медиумите, а тој фонд ќе го полнат сите оператори кои ќе бидат задолжени да плаќаат 1 отсто од бруто-приходот. Прогнозира дека тоа ќе значи и поскапи сметки за ТВ-гледачите.

„Јас сум должен да се борам за интересот на компанијата, за своите вработени и корисници, па сакам сите да ја знаете вистината и последиците кои нѐ очекуваат. Се работи за наметнат проблем од страна на 5-те национални телевизии Сител, Канал 5, Телма, Алсат и Алфа кои се трудат на секој начин да дојдат до пари. Па наместо да се концентрираат да работат профитабилно, тие прават притисоци врз претставници од Владата да им обезбедат пари од операторите. Уште пред два месецa почнаа да ги бојкотираат владините прес-конференции со уцена да им обезбедат пари. Нормално, тоа никаде не се објавуваше освен на некој портал, бидеќи тие така знаат да работат – подло и по нарачка, а не транспарентно и вистинито како што и е улогата во општеството“, вели Роби Телекабел во својот статус.

Тврди дека под нивен притисок Владата пред да се распушти на последната седница изгласала измена во Законот за медуми со што оператор за да регистрира странски канал мора да обезбеди изјава од управителот на каналот заверена на нотар со која тој под целосна морална и кривична одговорност ќе потпише дека има регулирани авторски права. Според него, техничкиот премиер Оливер Спасовски, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и собранискиот спикер Талат Џафери за брзо ја увиделе грешката.

„Тоа би значело дека dиректорот на Discovery треба да дојде во Македонија да потпише изјава на нотар?! И тогаш реагиравме кај Владата дека тоа не е можно да се обезбеди, но во страв од бојкот, Владата под притисок го изгласа фамозниот член. Целта беше да не можеме да ги регистрираме странските канали, а со тоа 5-те телевизии сметаат дека нивната гледаност ќе се зголеми?! Откако ја изгласаа измената на Законот сите оператори се сложивме дека ќе ги исклучиме сите канали и тоа како информација стигна до сите вас. Веднаш потоа Владините претставници увидоа дека направиле сериозна грешка, па по остварените состаноците со г-динот Спасовски, Манчевски и Џафери добивме ветување дека ќе најдат решение како да продолжиме со работа без да ги исклучиме каналите. Набрзо се воведе вонредната состојба и Владата донесе Уредба со која се стопира извршувањето на овој член и на тој начин имаме можност да ги регистрираме странските канали. До кога, ќе видиме!“, вели Димитров.

Откако ова не им успеало на националните телевизии, вели тој, тие нашле друг начин како да дојдат до нив. 

„Вчера и Министерот Дамјан Манчевски го потврди тоа на еден медиум, со образложение дека медиумите биле во криза и треба да им се помогне! Па господине Манчевски, нели ,,режимот,, на Груевски ги помагаше медиумите, а вие на секое јавно појавување потенциравте дека со тоа влијае на јавното мислење? Сега како одеднаш кога сте вие на власт обезбедувањето пари на национални телевизии не е поткуп и не е влијание на јавното мислење? Ако е помош заради пандемијата нека се пријават за добивање финансиска помош како и сите други компании во државата. Како си замислувате да земате од операторите и преку некој си Фонд со кој Владата ќе раководи, да ги делите нашите пари? И сѐ тоа без јавна расправа, без да нѐ повикате за мислење и без транспарентност каква што еден ваков трошок заслужува да има.
Во пандемија и вонредна состојба Уредба може да е оправдана само за здравството, а за давање наши пари на медиуимите, тоа не смеете да го дозволите.

Впрочем сите компании во Македонија се во криза! Зошто не се загриживте за приватните дуќанџии, угостителите, туризмот... Зошто медиумите имаат посебен третман кога и тие се приватни компании?

Ако се успешни ќе работат, ако не нека затворат или нека го продадат бизнисот. Тоа е лично нивна работа“, појаснува Димитров, кој вели дека неговите компании никогаш до сега не побарале помош од државата.

Неговите прогнози велат дека новата давачка ќе продуцира покачување на месечната претплата за гледачите, а за тоа ја критикува и власта дека потклекнала на притисокот, а министерот Манчевски како и министерот за комуникации Роберт Поповски „си нашле нови другарчиња“.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Бизнис

Паднаа акциите на Netflix

Read more

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Read more

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе