Жестоки соларни бури ѝ се закануваат на Земјата

Жестока бура на Сонцето би можела на Земјата да оштети системи за комуникација и да предизвика огромна економска штета, предупредуваат научниците. Зошто соларните бури претставуваат толкава закана?

Во 1972 година десетина морски мини необјасниво експлодираа недалеку од виетнамскиот брег.

Неодамна е потврдено дека причина за експлозиите биле соларни бури што можат значително да го нарушат магнетното поле на Земјата.

Денес таква бура би имала уште посериозни последици – таа би ѝ пречела на технологијата на која се потпираме, од сателити до мрежата далноводи. Се проценува дека штетата само врз британската економија би била 16 милијарди фунти.

Постојат причини зошто настани што се случуваат милијарди километри од Земјата имаат влијание врз нас.

Што ги предизвикува екстремните соларни бури?

Сонцето е ѕвезда, маса наелектризиран водород што врие. Како што се движи таа течност, создава енергија внатре во сложеното магнетно поле.

Таа магнетна енергија се ослободува преку интензивни блесоци светлост познати како соларни факели и преку силни ерупции на магнетните полиња познати како коронални експлозии или соларни бури.

Додека факелите можат да ја нарушат радиокомуникацијата на Земјата, соларните бури претставуваат најголема опасност.

Овие бури енергетски се еднакви на целиот светски нуклеарен арсенал зголемен 100.000 пати, но се шират низ непрегледната вселена.

Сонцето се врти како огромен заротиран огномет, праќајќи ги ерупциите во вселената во сите насоки.

Ако некоја од нив се упати кон нашата планета со магнетно поле спротивно од магнетното поле на Земјата – полињата се мешаат. Кога соларната бура ќе помине, дел од магнетното поле на Земјата останува искривен во вид на долга опашка.

Тоа искривено магнетно поле се враќа на место забрзано повлекувајќи наелектризирани честички кон Земјата. Тие удираат во повеќе слоеви на атмосферата, се загреваат и произведуваат светлосен спектакл познат како северна и јужна поларна светлост.

Искривеното магнетно поле на Земјата, меѓутоа, има и други значајни последици.

Се смета дека тоа ги активирало морските мини во 1972 година. Мините се конструирани да детектираат мали варијации во магнетното поле што ги создаваат металните палуби на бродовите додека им приоѓаат. Но инженерите кои ги осмислиле не предвиделе дека соларната активност ќе има ист таков ефект.

Кога повторно ќе се случи екстремна бура?

Научниците се обидуваат да утврдат што ги придвижува тие огромни ерупции, како и да откријат како да ги следат низ меѓупланетарниот простор.

Податоците за магнетното поле на Земјата што се собираат од средината на деветнаесеттиот век покажуваат дека екстремните бури во вселената се случуваат приближно еднаш во сто години, иако помали бури се случуваат почесто.

Во 1859 година поради Карингтон – досега најекстремната забележана соларна бура – телеграфскиот систем искрел, додека северната поларна светлост се видела дури и јужно до Бахамите.

Следниот пат кога ќе се случи тоа, последиците можат да бидат многу посериозни.

Сè повеќе зависиме од технологија – сателитите се клучни за глобалната комуникација и навигација, авионите ги поврзуваат континентите, а распространетите мрежи далноводи го сечат целиот свет.

Последиците од екстремни соларни настани би можеле жестоко да влијаат врз сето тоа.

Енергетските честички би можеле да ги спржат минијатурните електронски делови на вселенските летала и авиони, додека на Земјата мрежите далноводи би ги преплавиле непотребни прекумерни електрични струи.

Предупредување

Веќе доволно сателити и далноводи страдаа поради соларните бури за да стане јасно дека Сонцето мора подетално да се следи за да се предвиди кога соларните бури ќе влијаат на Земјата.

Метеоролозите низ светот работат на тоа, од Метеоролошката служба во Велика Британија до Метеоролошкиот завод на Австралија и Центарот за предвидување време во САД.

Кога сè е како што треба, тие се во состојба да забележат дека бура доаѓа кон Земјата шест часа пред да стигне до нашата планета. Тоа ни остава релативно малку време да се подготвиме, но прогнозите на британската економија би ѝ сочувале меѓу 16 и 3 милијарди фунти.

Временските услови во вселената сега се наведени во Британскиот национален регистар на ризици покрај нам познатите ризици, како што се пандемијата на грип и катастрофалните поплави. Нивото на ризик е еднакво на ризикот од екстремни жешки бранови или избувнување нова инфективна болест.

Државните агенции сега проверуваат дали електраните, вселенските агенции и авиоагенциите имаат подготвено планови за ублажување удари од екстремни соларни бури.

На пример, од клучно значење е да се обезбеди доволно електрична енергија за чување продукти и лекови, како и доволна количина вода и гориво.

Во случај на губење врска со сателитите, системите како што се сателитската навигација и сателитската телевизија би престанале да работат.

Експертите кои работат на изработка на вселенски летала ги проучуваат соларните бури со цел леталата да ги направат поотпорни, да вградат безбедносни системи и да ја заштитат чувствителната електронска опрема.

Прецизни прогнози за времето во вселената на персоналот би му овозможиле дополнително да ја заштити опремата со тоа што навреме би ги информирале за бурите.

Голем број авиони го прелетуваат Северниот Пол на пат меѓу Европа и Северна Америка. За време на соларните бури, пилотите ги менуваат трасите на авионите за да се засолнат од поларното небо, каде што најголем број енергетски честици продираат во Земјината атмосфера.

Тоа го прават за да ја намалат изложеноста на зголемени дози радијација и да обезбедат сигурна радиокомуникација.

Од настаните во 1972 година научивме многу за временските услови во вселената, но како што напредуваат модерните технологии, така мораме да обезбедиме да бидат во состојба да го претрпат она најлошото што може да ни дојде од Сонцето.

реклама

Наука

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе