Од ЈСП Скопје информираат дека почнувајќи од денеска жичницата на Средно Водно ќе работи еден час повеќе, односно од 10 до 18 часот.
Во согласност со одлуката за возен ред за април, од 17 до 17:30 часот е последно возење од Средно Водно кон врвот, а во 17:45 часот е последното возење од врвот кон Средно Водно.
Секој понеделник и секој последен вторник во месецот за жичницата се неработни денови.
За потсетување, до Средно Водно сообраќаат автобуските линии 25, 25А и 25Б. Линија 25 сообраќа секој ден, а линиите 25А и 25Б само за време на викенд и државен празник.