Скопје, 3 март 2020 (МИА) – Вчера во 12:30 часот на бул. „Филип Втори Македонски“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го лишиле од слобода Е.Ш.(31) од с.Шишево, скопско, баран по потерница од Основното јавно обвинителство Скопје за сторени кривични дела по член 123 и член 396 од Кривичниот законик.
Е.К. бил забележан на булеварот и кога му бил даден знак за застанување тој извадил пиштол и го вперил во полициските службеници.
Полицајците испукале два предупредувачки истрели во воздух и набргу потоа тој бил фатен и приведен во Полициската станица Бит Пазар за понатамошна постапка.