Хроника

Жител на Синичане уценувал жена да биде во љубовна врска со него

17. јануари 2020 - 16:00 | МИА

Жител на село Синичане, тетовско со закани и присилба уценувал 46-годишна жена да биде во љубовна врска со него.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Р.(46) од с.Синичане, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“, „загрозување на сигурноста“ и „присилба“.

Пријавениот во текот на 2019 на социјалната мрежа Facebook отворил лажен профил на корисник на име на 46-годишна жена и од него обработувал и објавувал слики од оштетената. Пријавениот, преку апликацијата Viber од два мобилни броја испраќал фотографии и текстови со вулгарна и недолична содржина кон оштетената, на нејзиниот сопруг и на целото нејзино семејство.

Исто така упатил сериозни закани по животот на оштетената и животите на нејзиното семејство, со цел да ја присили да биде со него во љубовна врска.

Коментирај