Жив праисториски фосил: Снимена змијокила ајкула која демне во длабочините

Сме виделе секакви морски чудовишта, но ова е секако едно од најморничавите. Имено, во близина на јапонскиот остров Авашима, нуркачите на камера фатија застрашувачки предатор.

Праисториската ајкула, попозната како ајкула-наметка (Chlamydoselachus anguineus), нормално живее на длабочина поголема од еден километар, но сега доплива малку поблиску и успеале да ја снимат со камера одблиску.

Ова животно, инаку, се верува дека е предок на денешните ајкули, а се појавило пред дури 80 милиони години.

URL

Таа се смета за жив фосил поради нејзиниот примитивен изглед, како суштество од праисторијата. Со своето издолжено тело слично како на јагула со сплескана глава, оваа ајкула малку личи на другите ајкули. Разликата е најзабележлива во положбата на устата: наместо од долната страна, устата е сместена напред на главата. Овен тоа, додека повеќето денешни ајкули имаат 5 чифта прорези за жабри, ајкулата-наметка има 6, секој со набрчкан раб. Нејзините мали заби исто така се необични, секој има 3 остри шилци.

Забележано е дека оваа ајкула плива со отворена уста, покажувајќи ги своите забележливи заби, што довело до претпоставката дека забите дејствуваат како мамка за пленот. Оваа ајкула живее во длабока вода близу до морското дно, но повремено доаѓа на површината. Се храни со длабокоморски риби и со лигни. Мажјаците на стомакот имаат два долги миксиптеригии, со чија помош во текот на парењето се пренесува спермата во женката. Овој вид е ововивипарен, што значи дека младите се изведуваат од јајцата во мајката, која потоа коти живи младенчиња. До 12 младенчиња се котат и по 2 години по оплодувањето. Со лов на други длабокоморски видови, често случајно се фаќаат и овие ајкули-наметки. Со оглед на тоа дека овој вид толку ретко се размножува, тој е многу чувствителен и се наоѓа на Црвената листа на загрозени видови на МСЗП, наведена во категорија Речиси загрозен вид.

Тагови
реклама

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе