Живот

Жива легенда: Кирк Даглас го прослави 103. роденден

10. декември 2019 - 18:10 | Б.С.Б.

Легендарниот холивудски актер Кирк Даглас вчера го прослави сто и третиот роденден, а покрај него беше неговата стогодишна сопруга Ен, со која е во брак од 1954 година.

Детали од забавата во семејниот дом на Instagram сподели неговиот внук Камерон Даглас, син на Мајкл Даглас.

„Среќен роденден, тато! Ти си жива легенда и целото твое семејство ти ја испраќа сета љубов од срце“, напиша во роденденската честитка Мајкл.

Славеникот за роденденот доби торта со мотиви од „Spartak“, филм кој Кирк го сними во 1960 година и со кој се прослави.

„Среќен роденден дедо, ти си подарок на овој свет, светлина која води и моја инспирација. Те сакам“, напиша Камерон покрај заедничката фотографија објавена на социјалните мрежи.

Коментирај