ЈОСИП КОЦЕВ Е ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА БЕЛИ МУГРИ

Живот и поезија: Како се создава „Музеј на чувствата“?

В петок, 20 декември, со почеток од 19 часот, во рамките на манифестацијата „Денови“, во Домот на градежниците ќе биде претставена четвртата поетска книга на Јосип Коцев, „Музеј на чувствата“.

Книгата е единаесетти носител на наградата „Бели мугри“ што секоја година ја доделува Домот на културата „Кочо Рацин“ од Скопје.

-Наградата „Бели мугри“ за „Музеј на чувствата“ има убава симболика бидејќи се поклопува со 80-годишнината од издавањето на оваа значајна, трета по ред стихозбирка објавена на македонски јазик во 1939. Особено е значајно во овој момент да се создава, но и да се чита на нашиот мајчин јазик, во услови кога тој е толку сурово, неосновано оспоруван и третиран како непостоечки. Треба да ги здружиме книжевните гласови и силно да потврдиме дека македонскиот јазик живее мошне убав и богат живот, дека неговата куќа е претрупана со книжевни реликвии и секојдневно се полни со разновидни нови украси. Неговата куќа сме ние, изјави Коцев за Kajgana.com.

Наградениот поет зборуваше и за тоа како настана самата поетска книга, како се создава еден „Музеј на чувствата“.

-Поетската книга „Музеј на чувствата“ настана според истоимената песна, која е и вовед во неа. При посетата на музејот Берардо летово, набљудувајќи ги делата на најголемите светски сликари, се запрашав како би изгледал музејот на еден поет или поетеса. Несомнено, физичка форма на неговиот/нејзиниот музеј е книгата како медиум, а експонатите се чувствата заробени во песните. Мислам дека поетските музеи треба да бидат исполнети со стиховни експонати кои ќе зборуваат за времето во коешто живееме, тргнувајќи од себе и своите лични искуства, отпечатоците што животот ги остава врз нас, па сè до оспорувањето на јазикот на којшто животворно пишуваме, меѓуврсничкото насилство, понижувачките услови во кои работат текстилните работнички или пак, срамната деградација на жените во учебниците, објаснува Коцев.

Корицата за „Музеј на чувствата“ ја изработи уметникот Дарко Алексовски. За книгата „Музеј на чувствата“, на манифестацијата „Денови“ ќе зборува Славчо Ковилоски. Стихови ќе чита поетесата Катерина Гогова.

реклама

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе