Живот на друга планета не е опција, да ѝ помогнеме на Земјата - тврди нобеловец за астрофизика

Добитник на Нобелова награда за астрофизика смета дека човештвото треба да се фокусира на решавање на проблемите на планетата Земја, а не да бара живот или услови за живот на друга планета.

Мајк Мејор и неговот колега Дидие Квелоз, исто така добитник на оваа престижна награда, во 1995 година ја открија првата егзопланета која има сличен потенцијал за развој на живот како на Земјата.

Тие пресметаа дека таа се наоѓа на иста оддалеченост како и Земјата од нејзината ѕвезда што е како нашето Сонце и сметаат дека таму најверојатно има вода.

Оттогаш, човековото знаење за егзопланетите почна нагло да расте. Со помош на софистицирана опрема како Транзитниот сателит за истражување егзопланети на НАСА (TESS) беа утврдени повеќе од 4.000 потенцијални егзопланети.

Меѓутоа, Мејор вели дека ова положување надежи во свет надвор од нашиот Сончев Систем е „глупава идеја“.

„Ако зборуваме за егзопланети, нештата треба да бидат јасни: нема да мигрираме. Овие планети се премногу далеку“, вели тој.

Мејор додава дека и во најоптимистичниот случај на планета која не е предалеку, на пример оддалечена неколку десетици светлосни години, животот таму не е опција. Дури и таа би била предалеку.

„Зборуваме за патување од стотици милиони денови, користејќи ги средствата што ни се достапни денес. Мора да ѝ помогнеме на нашата планета Земја“, порача нобеловецот.

Климатските промени го забрзуваат темпото, се сголемува емисијата на штетни гасови, се зголемува нивото на морињата, ледените површини се топат побрзо од кога било, предупредуваат експертите од Светската метеоролошка организација.

Во извештајот на оваа организација се наведени климатските промени и нивните влијанија во изминатите пет години кои се сметаат за петте најтопли во историјата.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе