Живот #НаТочак: Дали навистина знаете да возите велосипед?

Возењето велосипед станува сѐ почест начин за рекреација, но и основен начин за транспорт за многу луѓе.

Изминатава година, главната причина за сѐ поголемиот број урбани велосипедисти, за жал, беше пандемијата. Поголемиот број на велосипедисти по улиците придонесе за промена на инфраструктурата, но и на однесувањето на останатите учесници во сообраќајот, особено возачите на моторни возила.

Нашата сообраќајна култура е генерално многу лоша, без оглед дали се работи за велосипедисти, мотоциклисти, возачи на автомобили, комбиња или електрични скутери, ролерки, а да не ги забораваме и пешаците. Факт е дека сите видови учесници во сообраќајот, без оглед на бројот и големината на тркалата, во голема мера се однесуваат неодговорно. Тоа делумно се должи на непознавањето на сообраќајните правила и прописи, а потоа на нивното непочитување, најчесто поради селективното казнување.

Без да навлегуваме подлабоко во причините за сообраќајната некултура, со оглед на тоа дека за возење велосипед не е потребна дозвола, да ве потсетиме на некои основни правила, со цел да ви помогнеме да бидете безбеден и фер учесник во сообраќајот.

Согласно Законот за безбедност на сообраќајот (ЗБСП) велосипед на пат може да управува лице кое наполнило десетгодишна возраст, додека во зона на смирен сообраќај, велосипед може да управува лице помало од десетгодишна возраст во придружба на лице постаро од 16-годишна возраст.

Согласно истиот закон, полициски службеник може да му забрани на лице да управува со велосипед на јавен пат, доколку е очигледно дека лицето не е подготвено за тоа.

Во однос на опремата, од РСБСП велат дека велосипедистот задолжително треба да има светло во бела боја на предната страна, како и катадиоптeр со црвена боја или рефлектирачка лента на задната страна и по еден катадиоптер со жолта или портокалова боја на секоја страна.

Исто така, Законот не наметнува задолжителна обврска за користење на опрема за пасивна безбедност, но ја нагласува потребата возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед да носат заштитен шлем на главата за време на возењето на патот, како и потребата ноќе и во услови на намалена видливост возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед, да носат рефлектирачки елек.

Она што е особено важно и на што РСБСП посебно укажува, е тоа што секој велосипедист треба да има во предвид дека користењето на опрема за пасивна безбедност е наменета пред сѐ за нивна лична безбедност и секој велосипедист треба да користи оваа опрема.

„Возачот на велосипед може да се движи само по оние сообраќајни површини каде што е дозволено. По автопат, експресен пат и на пат резервиран за сообраќај на моторни возила, не смеат да се движат велосипеди“, нагласуваат од РСБСП за radiomof.mk.

Исто така, додаваат тие, на магистрален и регионален пат не смее да се врши оспособување на лица за управување со велосипед. Во спротивно, на возачот ќе му се издаде прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност. Затоа, пак, движењето на велосипедистите надвор од сообраќајните површини како планински предели, ливади, поле и слично не е регулирано со ЗБСП и не е во доменот на сообраќајот.

Од РСБСП наведуваат дека секој кој сака да учествува во сообраќајот со својот велосипед, мора да ги почитува и следните правила и прописи:

  • Возачот на велосипед е должен да се движи што поблиску до десниот раб на коловозот, доколку постои велосипедска патека – по велосипедска патека, односно лента. Ако двајца или повеќе возачи на велосипед се движат во група, должни се да се движат еден по друг.
  • Ако на патот постои посебно уредена велосипедска патека, возачот на велосипед се движи по десната велосипедска патека, во однос на правецот на движењето на сообраќајот.
  • На велосипедски патеки уредени и обележани за сообраќај на велосипеди во двете насоки, велосипедистите се движат по десната страна во правецот на движењето на возилата.
  • 25 км/ч е максимално дозволена брзина за  велосипеди, кога се движат по велосипедска патека или лента.
  • Возачот на велосипед е должен да управува со возилото на начин на кој не се намалува стабилноста на возилото и не се попречуваат другите учесници во сообраќајот, а особено не смее да ги симнува рацете од управувачот, да се придржува за друго возило, да превезува, влече или турка предмети што можат да го попречуваат управувањето со возилото или да ги загрозуваат другите учесници во сообраќајот.
  • Деца до 14-годишна возраст не смеат на велосипед да превезуваат други лица.
  • На велосипед смее да се превезува дете до осумгодишна возраст, ако на велосипедот се вградени едно или повеќе посебни седишта пред, или зад возачот.

Дополнителни одредби од ЗБСП кои се однесуваат на велосипедистите и нивното учество во сообраќајот:

Во сообраќај на патот велосипед смее да влече приколка со две тркала, под услов да биде така прицврстена, да не се намалува стабилноста на возилото. Приколката не смее да биде поширока од еден метар, а вкупната маса не може да биде поголема од 50 кг и на задната лева страна, задолжително треба да има по еден катадиоптер со жолта или портокалова боја.

На велосипед, како и во приколката што ја влече велосипедот, не смеат да се превезуваат предмети пошироки од еден метар.

Возач на велосипед, за времето додека управува со возилото не смее да води животни.

На приколка што ја влече или потиснува велосипед, како и во товарен сандак на велосипед, не смеат да се превезуваат лица.

Совети за велосипедисти

1) Не претпоставувајте дека секој возач на автомобил ве гледа - на раскрсниците, обидете се да воспоставите контакт очи в очи со возачот на автомобилот и доколку не успеете, бидете подготвени да реагирате брзо

2) Не брзајте помеѓу запрените колони на возила или оние што се движат многу бавно - во такви ситуации често се случува некој одеднаш да ја отвори вратата или само да извади рака низ прозорецот

3) Не правете телефонски повици додека возите велосипед. Колку и да изгледа луд овој совет, факт е дека многу велосипедисти ги држат рачките со едната рака, а телефонот со другата.

4) Сигнализирајте рачно при вртење, но во исто време проверете дали возачите на автомобили и други возила забележале дека планирате да свртите

5) Возете внимателно до паркирани автомобили, бидејќи може да се случи некој одеднаш да ја отвори вратата или да почне да паркира

6) Користете светла! Бело напред, црвено одзади. Не штеди на „мачкини очи“ (катадипотери)

7) Монтирајте ретровизор. Можеби не изгледа „кул“, но брзо ќе сфатите колку е корисно - не мора да ја вртите главата како був за да видите што се случува зад вас.

8) Почитувајте ги сообраќајните правила. Многу велосипедисти ги користат сите достапни области за возење и не следат никакви правила, што во голема мера го олеснува и забрзува пристигнувањето на целта, но во исто време е многу опасно.

9) Не слушајте музика кога возите велосипед – внимавајте дали ви приоѓаат возила, ушите нека ви бидат „слободни“ за да чуете дали некој ви свири или ви упатува предупредувања за случувања во сообраќајот што може да помогнат избегнете несреќа.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе