Живот
КАЈГАНА ВЕ ПРАШУВА

Живот по коронавирусот: Што ќе направите прво кога ќе заврши пандемијата?

26. март 2020 - 13:30 | Кајгана

Нашата земја, како и многу други ширум светот, се справува со пандемијата на Covid-19. Бројот на заразени со новиот коронавирус се зголемува, а повеќето од нас се затворени во своите домови и чекаат понатамошни инструкции од властите.

Да, сите сме загрижени за своето здравје и за нашите најблиски, внимаваме како и каде се движиме, држиме дистанца, миеме раце, носиме заштитна опрема... Многумина со недели ги немаат видено семејството и пријателите бидејќи директниот контакт е опасен за ширењето на заразата. Ни недостига дури и најбаналното секојдневие.

Но, тоа не значи дека треба да дозволиме да паднеме во очај и да дозволиме да нѐ обземат негативни мисли. Мора да го одржиме позитивниот дух и вербата дека ќе биде подобро и ќе излеземе од ова како подобри, посовесни и похрабри луѓе.

Секој од нас најмалку еднаш има помислено што прво ќе направи кога ќе заврши пандемијата.

Кого ќе сакате прв да видите, да гушнете, со кого да седнете во кафана, на пијачка, на кафе, да излезете на дејт? Кои се вашите омилени места кои одвај чекате да ги посетите? Кои се работите кои одвај чекате да ги направите? Дали ќе направите нешто за кое досега сте немале храброст?

Ние одвај чекаме да си ги гушнеме родителите и другарите, да излеземе со друштвото, да играме фудбал, да патуваме, да наздравиме за животот!

Затоа ве прашуваме: Што ќе направите прво кога ќе заврши сево ова?

Ги очекуваме вашите одговори во коментари под овој текст, а може да ни пишувате и во коментари на објавата на Facebook. Одвај чекаме да ги прочитаме, а дел од нив со задоволство ќе ги објавиме.

Дотогаш, седете дома и мијте раце!

Коментирај