Животната приказна на актерот Един Хасановиќ: Од бегалец до номинација за Оскар

Филмот „All Quiet on the Western Front“ на Netflix, во кој улога има Един Хасановиќ, доби дури девет номинации за Оскар, а многумина не знаат дека овој босански актер има тешка животна приказна.

Роден е во 1992 година кај Клиса во Зворник. Припадниците на војската на Република Српска тогаш одвеле околу 700 мажи во непознат правец. По посмртните останки на повеќе од 200 од нив сè уште се трага или тие луѓе се водат како исчезнати. Меѓу нив се таткото на Един и неговите двајца браќа. Един и мајка му Хида успеале да побегнат во Германија со помош на Црвениот крст.

„Пораснав без татко. Никогаш не го запознав. Кога го одведоа, имав само два месеци. Во мојот живот досега немав маж покрај мене да ме научи на оние работи кои секој татко го учи синот. Една таква личност отсекогаш сум барал во режисерите или постарите другари. Читав многу книги и гледав многу документарни филмови. Се обидувам да разберам што се случи тогаш во Босна“, рече Един претходно во интервју за Deutsche Welle.

Од мали нозе сакал да глуми. Се сеќава дека на седум години одржал говор преправајќи се дека добил Оскар. Кога имал 12 години, мајка му го однела во агенција за таленти. Учествувал во снимањето на серијата „KDD“ која го означила почетокот на неговата актерска кариера. Следле улоги во филмовите „Shifting the Blame“, „Life Is Not for Cowards“, „Rate Your Date“... И покрај тоа што живеел во Германија, тој никогаш не заборавил од каде доаѓа. Мајка му го научила да зборува босански.

„Ми рече дека треба да ја сакам Босна, босанската храна и босанската култура. Обично сум во Босна во лето, кога престојувам кај братучед ми, дедо ми и баба ми. Одам таму да ги наполнам батериите“, рече, додавајќи дека е „сто проценти Босанец“.

„Кога би играле фудбалските репрезентации на БиХ и Германија, јас би навивал за Босна“, додаде тој.

Во Хамбург во 2016 година ја доби наградата Златна камера за најдобар млад актер, што секако е голем успех.

„Мајка ми ме донесе од Босна во најтешките околности во 1992 година и се прашувам колку луѓе кои сега доаѓаат во нашата земја имаат потенцијал да се издигнат овде како режисери или актери. Мамо, еве ја, те сакам најмногу на светот“, рече тој примајќи ја наградата.

 

реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Шест причини зошто леблебијата е една од најздравите намирници

Read more

Филм & ТВ

The Simpsons враќаат озлогласен лик од првата сезона

Read more

Први снимки од снимањето на 6. сезона на The Crown

Read more

КАЈГАНА ПРЕПОРАКА: Зошто треба да ја гледате серијата You на Netflix?

Read more

Официјален трејлер за The Night Agent

Read more
 

Сцена

The Simpsons враќаат озлогласен лик од првата сезона

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки од снимањето на 6. сезона на The Crown

Читај повеќе
  • play_arrow

КАЈГАНА ПРЕПОРАКА: Зошто треба да ја гледате серијата You на Netflix?

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјален трејлер за The Night Agent

Читај повеќе
  • play_arrow

Орландо Блум се распеа среде паб за Свети Патрик

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв трејлер за BEEF, новата серија на Netflix

Читај повеќе
  • play_arrow

10 моменти во Friends во кои се пронаоѓаме и денес

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Disney „рециклираат“ анимации?

Читај повеќе