Животната приказна на Маги: Како црната принцеза на југословенскиот рок умре сама, отфрлена од сите

Маргита Стефановиќ Маги беше клавијатурист во групата „ЕКВ“, која до денеска остана запаметена како една од иконите на југословенската рок музика.

Со текот на времето Маги ја стекна и титулата „црна принцеза“ на југословенскиот рок, а подоцна оваа титула и се претвори во судбина, бидејќи животот го заврши сама, заборавена и отфрлена од сите. Последните денови од животот ги помина во белградското прифатилиште за бездомници.

Таа е родена како единствено дете во семејството, а татко и беше театарскиот и телевизиски режисер Славољуб Стефановиќ-Раваси. Маги заврши музичко училиште и беше една од најталентираните пијанисти на овие простори. И нудеа школувањето да го продолжи во Москва, но таа тоа го одби и запиша, а потоа и заврши архитектура.

Луѓето за неа зборуваат како за личност, која со својата неверојатна убавина и харизма го привлекуваше вниманието буквално каде и да се појави.

Меѓутоа, нејзиниот живот и иднина се менуваат откако се запознава со Милан Младеновиќ во 1982 година во Белград. Маги со својата појава и талент го воодушеви Младеновиќ, па тој без размислување веднаш и понуди место во бендот кој најправо се викаше Катарина Втора, а потоа и Екатарина Велика.

Маги во тој период и доста работеше - склопуваше работи, продуцираше, па дури и глумеше. Таа беше една од најприсутните личности во белградското боемско-културно друштво. Маги имаше непроценливо влијание на самата музика на „ЕКВ“, па и денеска претставува синоним за оваа рок група.

Таа беше член во „ЕКВ“ до 1994 година, односно до распаѓањето на бендот и смртта на Младеновиќ, но и потоа продолжи да се занимава со музиката. Меѓутоа, иако професионално беше доста успешна, Маргита се бореше со сопствените демони. Константно се бореше со зависноста од тешките дроги, која ескалираше откако почина нејзиниот татко.

Маги се обиде да ја победи борбата со дрогата, односно да си го спаси својот живот, но во тие обиди таа загуби се. Продаде се што имаше, со надеж дека ќе успее да си го промени начинот на живот, но ништо не и успеваше. Пред крајот на животот се пресели во напуштена зграда во предградие во Белград, каде живееше осамена и напуштена од сите. Црната принцеза на југословенскиот рок остана сама.

Набргу стана бездомник и отиде да живее во белградско прифатилиште за бездомници. Почина на 18 септември 2002 година. Зад неа не остави ништо материјално, но остави огромно музичко наследво кое никогаш нема да биде заборавено.

Нејзиниот живот и денеска е тема со која се занимаваат многу луѓе од овие простори, па така на пример новинарот Душан Весиќ ја напиша  и нејзината биографија „Маги, како да беше некогаш“, а некои пак и понатаму се обидуваат да ја разберат и објаснат.

Додека некои ја карактеризираат како една од најголемите уметници од овие простори, други ја гледаат само како зависник, кој на крајот успеал да си го уништи целиот свој живот.

Од друга страна, словенскиот музичар и текстописец, Зоран Предин, ја напиша песната „Коса боје сребра“, која и ја посвети токму на неповторливата Маги, инспириран од нејзиниот живот и дело.

Како и да е, преубавата и харизматична Маргита Стефановиќ, уште попозната како Маги, засекогаш ќе остане во срцата на љубителите на рок музиката од овие простори, без разлика на проблемите со кои таа се соочуваше, бидејќи на крајот на краиштата сите имаме демони во себе кои ако не ги смириме на време, еден ден можат да нѐ убијат.

реклама

Развод, отказ, преселба – кого ќе погоди помрачувањето на полната Месечина во Вага?

Read more

Зошто да ставите ориз во бањата?

Read more

Пост на вода - рецепт за вкусни посни плескавици

Read more

Изгледот на стапалата на Роналдо загрижува, 22 години кариера си го направи своето

Read more

Музика

Давид Гета доби син со девојката Џесика Ледон

Read more

Шакира: Ја ставив кариерата во мирување за Пике да може да игра фудбал

Read more

Најавени промени за Евровизија, организаторите сакаат да биде уште повозбудлива

Read more

Топ 10 најиритирачки песни на сите времиња

Read more
 

Сцена

Давид Гета доби син со девојката Џесика Ледон

Читај повеќе
  • play_arrow

Тимоти Шаламе собори рекорд што Џон Траволта го држеше 45 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Шакира: Ја ставив кариерата во мирување за Пике да може да игра фудбал

Читај повеќе

Оскаровците мора да почитуваат едно правило или Академијата би можела да ги тужи

Читај повеќе

Најавени промени за Евровизија, организаторите сакаат да биде уште повозбудлива

Читај повеќе
  • play_arrow

Чак Норис наполни 84 години - како изгледа денес?

Читај повеќе
  • play_arrow

Не сме ние стари, времето лета: 30 филмови што полнат 30 години во 2024

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе