Живот

Животот е убав на сириски начин: Како татко од Сирија ја штити ќерката од траумата на војната?

18. февруари 2020 - 17:06 | А.С.

Видео што вирално се шири на социјалните мрежи открива една сурово реална приказна и колку голема може да биде татковската љубов.

Сириецот Абдула Мохамед, кој се преселил од Идлиб во областа Сармада, се обидува да ја заштити ќерка му од траумата на војната, така што ѝ кажува дека бучавата од бомбардирањето е дел од некаква игра и девојчето регира со смеење наместо страв.

Во септември 2018 година, Турција и Русија се согласија дека Идлиб ќе биде претворен во „зона на деескалација“ каде веќе нема да има агресија, но оттогаш таму загинаа повеќе од 1.800 цивили во напади на режимот на сирискиот претседател Асад и на руските сили.

Краткото видео моќно потсетува на филмот „ La vita è bella“ (Животот е убав) на Роберто Бенињи, во кој таткото прави сѐ за да го заштити синот од ужасот на концентрационите логори во Втората светска војна.

Коментирај