Фудбал

Животот ќе го дадам за Реал Мадрид – новиот играч на Кралскиот клуб во солзи

18. февруари 2020 - 19:08 | А.С.

Реал Мадрид денеска го претстави новиот играч на клубот: 18-годишниот  Бразилец Рејниер Жезус.

Ова е трансфер на животот за младиот офанзивен играч  - тој беше купен од бразилски Фламенгу за 30 милиони евра, а до крајот на сезоната ќе игра за вториот тим на Реал.

Жезус стигна со родителите на претставувањето, каде не можеше да ги спречи солзите.

„За мене е ова многу радосен ден, ми се исполнува сонот од детството. Благодарен сум на моето семејство кое секогаш е со мене. Отсекогаш сум кажувал дека би било неверојатно еден ден да дојдам во ваков клуб. Сакам да бидам дел од историјата на овој клуб. Благодарам, Мадрид“, рече тој на шпански јазик, па продолжи:

„Татко ми ми се јави и ми рече дека Реал сака да ме земе. Тоа е емоција што не се објаснува, почнав да плачам, и цимерот беше многу среќен. Во Бразил многу добро знаеме што значи Реал Мадрид.“

Во вториот тим ќе работи под водство на легендарниот Раул Гонзалес, а потоа ќе премине во рацете на Зинедин Зидан.

„Ме поздрави, многу сум задоволен од нашиот разговор. Ми посака среќа, сигурен сум дека ќе дадам сѐ од себе. Како што велиме во нашата земја – животот ќе го дадам за Реал Мадрид“, заврши младиот Жезус.

Коментирај