Александра Андресен од Норвешка е најмладата милијардерка во светот, според Forbes таа поседува 1,2 милијарди долари. Има 20 години и времето го минува во посета на егзотични дестинации.
Нејзиното семејство е познато во Норвешка, бидејќи поседува компанија од тутунската индустрија. Александра сака животни и патувања низ Африка, Индија, Исланд и други дестинации.
Нејзиниот Instagram профил дава увид во нејзините луксузни патувања и авантури.