Животот на принц Филип низ фотографии
Принцот Филип, војводата од Единбург, денеска почина на 99-годишна возраст. Роден е на грчкиот остров Крф, на 10 јуни 1921 година.
На 16 март годинава излезе од болница каде што беше примен поради инфекција, а на почетокот на март преживеа успешна операција на срцето. Со кралицата Елизабета беше во брак од 1947 година. Од јавниот живот се повлече во август, 2017 година откако учествуваше во повеќе од 22.000 јавни настапи од крунисувањето на Елизабета Втора во 1952 година.
Guardian објави галерија од впечатливи моменти кои го одбележаа животот на принцот Филип и неговото семејство.