Во Австралија, чекор по чекор, животот се нормализира и се враќа во состојбата од пред пандемијата на коронавирус.
Во државите Нов Јужен Велс и Јужна Австралија е дозволено танцување во клубови и на венчавки, а во државата Викторија е дозволен поголем број гледачи на спортски настани.
Во овие три земји, каде што живее скоро третина од популацијата на Австралија, не е потврден ниту еден нов случај на COVID-19, а во најнаселениот Нов Јужен Велс, не е евидентиран ниту еден случај на локално пренесување на вирусот 41 ден по ред.
Минатиот понеделник започна вакцинацијата на приоритетни групи граѓани со околу 60.000 вакцини Pfizer.
Во Австралија, досега се потврдени нешто помалку од 29.000 случаи на коронавирус и 909 смртни случаи кај пациенти со COVID-19.