Кога ќе се пожалите на студеното време сетете се на овој град во кој температурата достигнува до минус 55 степени Целзиусови, а жителите секоја година по два месеци живеат во целосен мрак.
Во Норилск, Сибир просечната годишна температура е минус 10 степени Целзиусови. Студениот период трае околу 280 денови годишно, додека повеќе од 130 дена се со снежни бури. Поради екстремните временски услови луѓето се соочуваат со анксиозност, нервоза и депресија, пишува Daily Mail.
Градот има повеќе од 170.000 жители. Студениот период трае 280 дена годишно со повеќе од 130 дена со снежни бури и два месеца целосен мрак, темнината трае 24 часа на ден. Животот на луѓето е документиран од руската фотографка Елена Чернишова, која минала неколку дена во градот специјално за проектот „Days Of Night – Nights of Day“.