Фудбалерот на Атлетико Мадрид Жоао Феликс за само 10 секунди доби два жолти картони на дуелот против Атлетик Билбао.
Ѕвездата на Атлетико и репрезентацијата на Португалија доби жолт картон за лакт во 78. минута. Но, Феликс не се помири со таа одлука, па отиде чекор подалеку.
Откако доби жолт картон, Феликс му рече на судијата Хесус Манзан Гил во лице дека е луд, па веднаш доби втора јавна опомена, што резултираше со негово исклучување.
Натпреварот заврши со резултат 0:0, па двете екипи останаа непоразени по пет дуели. Атлетико има три победи и две нерешени средби, додека Атлетик има два триумфа и три нерешени средби.
Инаку, ова е прв црвен картон за Жоао Феликс во неговата клупска кариера.