ФИФА СВЕТСКО КЛУПСКО ПРВЕНСТВО САД 2025

Жрепка за Светското клупско првенство: Мајами ја крои судбината на 32 екипи

Пред неколку дена беше финализиран списокот на учесници за Светското клупско првенство на ФИФА 2025 година, а вечерва во Мајами ќе се одржи жрепката за групите од најголемото глобално натпреварување што ќе се одржи во САД.

Со дури 32 екипи во оптек, бидејќи составот на следниот шампионат (15 јуни - 13 јули) претрпе коренити промени со одлука на првиот човек на Меѓународната фудбалска федерација. Претходно собираше само 6 клуба, а сега е замислен како клуб еквивалент на „вистинскиот“ Мундијал и ќе се одржува на секои четири лета, за да има по еден пред Мундијалот на репрезентации. Овој пат пред овој во Канада, САД и Мексико во 2026 година.

„Процедурите на жрепката вклучуваат многу основни принципи за да се обезбеди натпреварувачка рамнотежа и географска разновидност за време на групната фаза, а нокаут-фазата ќе зависи од спортските резултати“, објави ФИФА пред да се извлечат клубовите во соодветните групи.

Градови домаќини на првото Светското клупско првенство од ваков вид ќе бидат Мајами, Сиетл, Лос Анџелес, Орландо (два стадиона), Атланта, Нешвил, Шарлот, Синсинати, Вашингтон, Филаделфија и Њујорк (Њу Џерси), каде што ќе се игра финалето. Екипите ќе бидат поделени во 8 групи.

Најдобрите два од секоја група ќе обезбедат пласман во осминафиналето. Елиминациската фаза продолжува традиционално - четвртфинале, полуфинале, па финале. Познато е дека мечот за титулата се игра во Њу Џерси, на стадион кој собира близу 85.000 гледачи.

За време на жрепката ќе се применуваат различни ограничувања, вклучувајќи го и општото правило дека ниту една група не може да има повеќе од еден тим од иста конфедерација. Ова важи за сите конфедерации освен за УЕФА, која на турнирот ќе ја претставуваат 12 клубови. Според тоа, четири од осумте групи ќе имаат по два европски клуба.

Интер Мајами и Сиетл Саундерс, два американски клуба, од организациски причини автоматски ќе се пласираат на четвртото место во групите А и Б. Интер Мајами ќе го одигра натпревар на отворањето на турнирот на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, додека Сиетл Саундерс ќе ја започне својата кампања веднаш потоа на „Лумен Филд“ во Сиетл.

Жрепката е од 19:00 часот по македонско време, а директен пренос ќе оди на Arena Premium 1.

Барабан 1

  • Манчестер Сити (Англија)
  • Реал Мадрид (Шпанија)
  • Баерн (Германија)
  • Пари Сен-Жермен (Франција)
  • Фламенгу (Бразил)
  • Палмејрас (Бразил)
  • Ривер Плејт (Аргентина)
  • Флуминенси (Бразил)

Барабан 2

  • Челси (Англија)
  • Борусија Дортмунд (Германија)
  • Интер (Италија)
  • Порто (Португалија)
  • Атлетико (Шпанија)
  • Бенфика (Португалија)
  • Јувентус (Италија)
  • Салцбург (Австрија)

Барабан 3

  • Ал Хилал (Саудиска Арабија)
  • Улсан ХД (Јужна Кореја)
  • Ал Ахли (Египет)
  • Видад (Мароко)
  • Монтереј (Мексико)
  • Леон (Мексико)
  • Бока Жуниорс (Аргентина)
  • Ботафогу (Бразил)

Барабан 4

  • Урава Ред Дајмондс (Јапонија)
  • Ал Аин (ОАЕ)
  • Есперанс (Тунис)
  • Мамелоди Сандаунс (Јужна Африка)
  • Пачука (Мексико)
  • Сиетл Саундерс (САД)
  • Оукленд Сити (Нов Зеланд)
  • Интер Мајами (САД)
реклама

Голем митинг на Трамп: До зајдисонце ќе биде запрена инвазијата на нашата земја

Read more

Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки

Read more

Три промени во компирот откриваат дека не е безбеден за јадење

Read more

Израелски медиуми: Хамас им даде торби со подароци на ослободените жени

Read more

Фудбал

Белгија го отпушти селекторот Тедеско

Read more

Нејмар нема да биде регистриран за вториот дел од сезоната

Read more

Шокантна пријава до ФИФА: Сакаат да убијат 3 милиони кучиња пред Мундијалот

Read more

Фабиу Куентрау уапсен поради нелегално одгледување ракови

Read more
 

Спорт

ИХФ го смени распоредот, Македонија ќе игра двапати на ручек

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ со трет трипл-дабл во низа против Орландо, Зубац го уништи Лејкерс

Читај повеќе

Белгија го отпушти селекторот Тедеско

Читај повеќе

Работнички: До кога Перо Антиќ ќе ја силува македонската кошарка?

Читај повеќе

Почнуваат зимските пријателски: Календар на натпревари на македонските клубови

Читај повеќе

Нејмар нема да биде регистриран за вториот дел од сезоната

Читај повеќе

Шокантна пријава до ФИФА: Сакаат да убијат 3 милиони кучиња пред Мундијалот

Читај повеќе
  • play_arrow

Оклахома го патосираше Кливленд, разликата беше и 42 поена

Читај повеќе

Фабиу Куентрау уапсен поради нелегално одгледување ракови

Читај повеќе