Денеска во Женева УЕФА ја направи жрепката за групната фаза од новата сезона во најквалитетното клупско натпреварување на планетава.
Покрај Групата Г која ги спои Роналдо со Јуве и Меси со Барса, интересно се очекува да биде и во Групата Б каде се Реал Мадрид, Шахтар, Интер и Борусија Менхенгладбах, потоа Групата Ф на Зенит, Борусија Дортмунд и Лацио, а многу голови се очекуваат во Д каде се Ливерпул, Ајакс и минатогодиншната сензација Аталанта.
Дебитанти сезонава се 4 клубови: дански Митјиланд, француски Рен, руски Краснодар и турски Башакшехир.