Дуел на два гиганта и воедно враќање на Ибра на „Олд Трафорд“, така одлучи попладневната жрепка за осминафиналето од Лига Европа.
Дефинитивно најинтересна пресметка ќе биде онаа помеѓу Манчестер Јунајтед и Милан, два клуба кои се меѓу потесните фаворити за пехарот.
Оле Гунар Солскјер и Стефано Пиоли ќе ги спротивстават своите состави кои сезонава се големи изненадувања во Премиер Лигата и во Серие А каде до неодамна и двата беа лидери. Впедно ќе биде и враќање на Златан Ибрахимовиќ на „Олд Трафорд“ каде настапуваше токму за Јунајтед во периодот 2016-2018.
За нас интересен ќе биде и дуелот на загрепски Динамо со Тотенхем на Жозе Мурињо бидејќи за хрватскиот претставник настапуваат македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски.
Двојки за осминафиналето:
Динамо (К) - Виљареал
Рома - Шахтар
Олимпијакос - Арсенал
Динамо (З) - Тотенхем
Манчестер Јунајтед - Милан
Славија - Ренџерс
Гранада - Молде
Првите натпревари ќе се играат на 11 март, додека реваншите една недела подоцна.