Ракометната репрезентација на Македонија вчера направи голем пресврт, надомести негатива од 7 голови против Фарските Острови и се пласираше на Светското првенство 2025.

Во „Борис Трајковски“, Македонија победи со 34:26 (15:11). Пешевски со 8, Кузмановски со 7 и Митев со 6 гола ја предводеа Македонија до победата. Интересно, првиот наш гол на натпреварот всушност го постигна голманот Никола Митревски.
Светското првенство ќе се одржи од 14 јануари до 2 февруари наредната година во Хрватска, Данска и Шведска. Натпреварите ќе се играат во Осло, Хернинг, Загреб, Пореч и Вараждин.
Извлегувањето на групите се одржи на 29 мај, а според проекциите Македонија ќе биде сместена во третиот барабан заедно со Аргентина, Јапонија, Алжир, Катар, Бразил, Куба и Полска. Со оглед на тоа што во првите два барабана единствена неевропска репрезентација е Египет, многу веропјатно е овојх Мундијал за нас да биде како Европско првентсво, со тоа што само од последниот барабан може да ни се падне земја од друг континент.
Барабан 1
Данска
Франција
Шведска
Германија
Унгарија
Словенија
Португалија
Египет
Барабан 2
Австрија
Норвешка
Исланд
Хрватска
Холандија
Шпанија
Италија
Чешка
Барабан 3
Катар
Бразил
Полска
Аргентина
Куба
Македонија
Јапонија
Алжир
Барабан 4
Бахреин
Тунис
Чиле
Кувајт
Зелен 'Рт
Гвинеја
САД
вајлд-карта*
*Едната вајлд-карта ја доби САД за промоција на ракометот во оваа земја со оглед на тоа што Олимпијатата 2028 ќе се одржи во Лос Анџелес и САД како домаќин ќе учествува на ракометниот турнир. За другата вајлд-карта ИХФ допрва ќе се одлучи на која репрезентација да ѝ припадне.