Избори 2016
ЗИМСКИ ТРАНСФЕР ПЕРИОД 2020

Жуниор од Шкендија се пресели во Рига

21. јануари 2020 - 15:50 | Ф.З.

Можеби најдобриот крилен играч кој некогаш настапувал во македонската лига повеќе нема да го гледаме шурум терените кај нас бидејќи од денес е нов играч на Рига.

По 6 и пол години играње во Македонија, Бразилецот Стениу Жуниор ја продолжува кариерата во Латвија. Актуелниот шампион Шкендија остана без еден од своите најдобри играчи без кој тешко дека ќе успее да ја одбрани титулата.

Жуниот летото 2013 дојде во Пелистер на позјамица од бигарски Литекс и веднаш ги освои симпатиите на македонските фудбалски фанови, а неговите одлични игри во битолскиот дрес ја натераа Шкендија експресно да го откупи од Бугарите. По само 6 месеци во Пелистер се префрли во градот под Шара каде играше до сега.

Во македонската лига 28-годишното крило се покажа како еден од најдобрите играчи. Неговите латерални продори беа убиствени за противничките одбрани, а тимската ориентираност го правеше и несебичен асистент. Ќе остане запаметен како еден од најдобрите странци кои некогаш заиграле во Македонија.

Од денес е дел од латвискиот шампион Рига со кого ќе се обиде да ги повтори шампионските успеси од Шкендија со која на двапати ги освојуваше македонската лига и куп.

Дека Жуниор ќе замине во Рига се знаеше уште од пред неколку дена, но денеска беше официјалната промоција. Тој веќе преку видео порака се прости од својот сега веќе поранешен клуб.

Коментирај