Жуниор Реис Родригез официјално нов играч на Вардар

Скопје, 25 јануари 2019 (МИА) – Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар го официјализираше првото засилување за зимскиот преоден рок. Бразилскиот интернационалец Леовигилдо Жуниор Реис Родригез, е нов фудбалер на „црвено-црните“.

Жуниор стави потпис на договор кој е во траење на една година, со можност истиот да се продолжи на плус уште една година. Тој дојде од екипата на Македонија Ѓорче Петров, има 23 години и игра на позицијата лев бек, објави Вардар на клупскиот сајт.

„Среќен сум што станав дел од Вардар. Знам дека се работи за најдобриот клуб во Македонија, најтрофејниот тим, и чест ми е што можам да играм во Вардар. Ќе дадам се од себе екипата да бележи добри резултати, да освојува бодови, и секако се надевам на освојување на шампионската титула уште оваа сезона“, изјави Жуниор.

Новиот фудбалер веќе е со екипата на подготовките во Аланија, Турција каде што веќе настапи на првите два контролни натпревари. Бразилецот вели дека е одлично примен и очекува добри подготовки и успеси во пролетниот дел.

Добро се вклопувам во новата средина, и одлично сум примен од новите соиграчи. Сега останува добро да работиме и да се подготвиме за пролетниот дел од сезоната. Се надевам на добри игри и на добри резултати во вториот дел од сезоната, и се разбира посакувам прво место на крајот, додава новото засилување на „црвено-црните“.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Фудбал

Роналдо ненадејно ја напушта Саудиска Арабија и се враќа во Европа?

Read more

Се посрамоти за цел живот: Хрват го изведе најлошиот пенал и тоа во Ла Лига

Read more

Џеко на 38 години истрча од гол на гол за девет секунди

Read more

Како беше на скопското дерби Работнички - Вардар?

Read more
 

Спорт

Роналдо ненадејно ја напушта Саудиска Арабија и се враќа во Европа?

Читај повеќе

Милвоки без Адетокунбо за отворање на плејофот

Читај повеќе

Дончиќ официјално прогласен за најдобар стрелец во НБА

Читај повеќе
  • play_arrow

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Читај повеќе
  • play_arrow

Се посрамоти за цел живот: Хрват го изведе најлошиот пенал и тоа во Ла Лига

Читај повеќе

Американците со најдобрите ќе настапат на Олимпијадата во Париз

Читај повеќе
  • play_arrow

Џеко на 38 години истрча од гол на гол за девет секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Како беше на скопското дерби Работнички - Вардар?

Читај повеќе

Проклетството на Кејн ја уништи трофејната низа на рекордерот Коман

Читај повеќе