Зибери: 20.000 евра грантови за секој млад фармер до 35-годишна возраст

Скопје, 5 јули 2020 (МИА) – Кандидатот на ДУИ за прв премиер Албанец, Насер Зибери, на денешната средба со земјоделците и фармерите од селото Грчец разговараше за нивните потреби и истовремено ги презентираше неговите заложби за развој на земјоделството и за поддршката на земјоделците.

-Владата ќе биде силен столб на поддршка за сите земјоделци и фармери во државата. Вие сте тие што со вашиот труд и вашите производи го храните народот, па затоа наша определба е со еден посебен фокус да се справуваме со сите предизвици со кои што се соочувате. Планираме годишна поддршка за овој сектор од 200 милиони евра, за модернизација на земјоделската машинерија, за инвестиции во руралната инфраструктура, за капитални инвестиции во системот за наводнување,  посочи Зибери.

Северна Македонија цели да биде членка на Европската Унија, рече Зибери и додаде дека  земјоделството ќе биде една од основните теми за време на преговорите, затоа што ЕУ земјоделството и фармерството ги приоритизира на највисокото ниво на интерес. – Па затоа во овој сектор ќе има многу сериозни реформи, со што ќе се подобри животот за сите нас, истакна Зибери.

Тој додаде дека на неговиот мандат како премиер ќе биде посветен на создавање можности за земјоделците кои сè повеќе го напуштаат ова поле на дејствување, а како негов приоритет ќе биде стимулирањето на младите земјоделци до 35 години, со неповратни грантови од 20.000 евра.

-Поддршка исто така се планира и за малите, микро и средни земјоделски претпријатија, со цел да се олесни пласманот на нивните производи на пазарот, рече Зибери.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе