Фудбал
Ла лига 2019/20

Зидан: Боли кога ќе изгубиме на домашен терен

17. февруари 2020 - 9:57 | М.С.

Тренерот на Реал, Зинедин Зидан изјави дека не е лесно да се загубат два бода кога тимот е во трка за титулата, но говореше и зошто го извади Марселу од играта.

Тимот на Селта гостуваше на Сантјаго Бернабеу, а натпреварот заврши нерешено (2:2).

„Не е лесно кога ќе загубиш два бода на домашен терен. Селта е добра екипа која не заслужува да биде на дното на табелата. Многу боли кога ќе загубиш поени по одличната игра која ја покажавме. Среќен сум поради Хазард кој играше 70 минути. Договорот беше да игра колку ќе може и одигра одлично“, рече Зидан.

Францускиот тренер појасни дека Марселу не го замени бидејќи не бил задоволен од неговата игра.

Реал вчера изгуби два бода и ја пропушти можноста да има три бода повеќе во однос на второпласираната Барселона.

Коментирај